Утрински Весник
Македонија

Митева: Согласно нашите сознанија, новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта, што е директен судир на интереси

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Согласно нашите сознанија, новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.

„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.

Можете да прочитате

Турчин се обидел да влезе во Македонија со фалсификат

Расте интересот на турските државјани за македонско државјанство

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат  – 24info.mk