Фудбалскиот клуб Лацио одлучи да ги врати парите на своите навивачи кои отпатуваа во Данска за да го бодрат тимот на натпреварот од второто коло од Лигата на Европа против Митиланд.
Лацио доживеа дебакл во Данска, Митјиланд натпреварот го доби со 5:1, поради што раководството на италијанскиот клуб најави дека на сите навивачи (вкупно 255) ќе им бидат вратени парите за купените билети.
Сите четири клуба од групата Ф (Феенорд, Митјиланд, Лацио и Штурм) имаат по три бода по две кола.