Утрински Весник
Свет

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархељ, изјави дека Западен Балкан е геостратешки приоритет за Европската Унија повеќе од кога било за време на украинската криза и порача дека е неопходно да се забрза процесот на проширување на овој регион и неговата европска перспектива да се претвори во реалност.

dobivaj vesti na viber

Во видеопорака на конференцијата на граѓанското општество на Западен Балкан, што се одржа во Прага, на тема „Младинската политика на Западен Балкан – суштински елемент за иднината на регионот и Европа“, Вархељ рече дека „ние живееме во прилично турбулентни времиња“ и укажа на предизвиците со кои се соочува ЕУ.

„Покрај социо-економските предизвици предизвикани од кризата поради Ковид-19, со кои сè уште се обидуваме да се справиме, руската војна во Украина постепено го зголемува нивото на уништување, а бројот на загинати во Украина расте експоненцијално. Оваа агресија мора да заврши“, рече Вархељ, а беше објавено на официјалната веб-страница на ЕУ.

Можете да прочитате

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот

Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин