Утрински Весник
Спорт

Коке му се закани на Винисиус за танцувањето против Атлетико!

Винисиус Жуниор е опасност за секоја противничка одбрана, но пред дербито на Марид во шпанската Ла лига, се најде во неочекувана ситуацијата да се брани не за своите фудбалски вештини туку поради неговото танцување.

dobivaj vesti na viber

На последниот меч од Ла лига против Мајорка, тој беше на мета на играчите на противникот, но и на навивачите, а сега доби предупредување од капитенот на Атлетико Марид, Коке.

„На крајот, ако постигне гол и реши да танцува, тоа е негов избор. Секој прославува на начин на кој сака. Но, секако, ако се случи тоа, ќе има проблеми“, изјави Коке.

Поголем скандал предизвика изјавата на Педро Браво, претседателот на Асоцијацијата на фудбалски агенти на Шпанија, кој го спореди однесувањето на Винисиус со мајмун.

„Ако сакаш да танцуваш оди на самбадром во Бразил. Во Шпанија мораш да ги почитуваш противниците и да престенаш да изигруваш мајмун“, изјави Браво.

Тој бргу се извини за изјавата, објаснувајќи дека сакал да каже дека се прават глупави работи, без врска со расата.

Нејмар и повеќе бразилски фудбалери застанаа во одбрана на Винисиус.

„Дриблај, танцувај и биди тој кој си. Оди на врвот, пријатели, ќе танцуваме на твојот следен гол“, напиша Нејмар на Инстаграм.

Сепак, колегата на Винисиус, Антонио Ридигер признава дека е „разбирливо дека некои дефанзивци сакаат да го повредат“, така што ќе биде интересно да се види како ќе реагираат фудбалерите на Антонио Симеоне на ситуацијата.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ