Утрински Весник
Свет

Прв случај на мајмунска сипаница во Кина

Југозападната кинеска општина Чонгкинг денеска пријави еден случај на инфекција со мајмунска сипаница кај лице кое допатувало од странство, што е официјално прв случај на инфекција со овој вирус во Кина.

dobivaj vesti na viber

Лицето е ставено во карантин по пристигнувањето во Чонгкинг, така што ризикот од ширење е мал, соопшти локалната здравствена комисија, пренесе Ројтерс.

Сите блиски контакти на заразените се ставени под медицински надзор во изолација.

Околу 90 земји, каде што мајмунските сипаници не се ендемично заболување, пријавиле појава на овој вирус, а досега се пријавени повеќе од 60.000 случаи, како и неколку смртни случаи ширум светот.

Можете да прочитате

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут

Русија тврди дека само во Киев уништила десет воени производствени погони

Мечка нападнала четири лица во Јапонија