Утрински Весник
Свет

Во Украина загина 29-годишен хуманитарец од Загреб

Во Украина загина 29-годишен хуманитарец од Загреб

Во Украина загина 29-годишниот Андро Фабијаниќ од Загреб, кој активно им помагаше на украинските семејства и ветерани, пренесува „Нови лист“.

dobivaj vesti na viber

Фабијаниќ, познат на локалните спортисти како личен тренер за фитнес, загина овој вторник во експлозија на противтенковска мина при доставување помош. Возилото во кое загинал загрепчанецот превезувал санитарен материјал за украинските борци.

Возилото во кое се движел Фабијаниќ налетало на мина, а притоа се ранети повеќемина од украинските колеги на младиот човек. Фабијаниќ купил билет за Хрватска и требало да се врати вчера, пишува „Нови лист“.

Фабијаниќ работел за здружението „За херои“ од Днепропетровск, кое доставувало медицинска помош на ветераните. Фабијаниќ помогнал и во евакуацијата на семејствата од Украина во Европа.

Дел од нив успешно ги префрлил во Хрватска. Тој постојано го одложувал планираното патување во Загреб, а се повеќе бил ангажиран во хуманитарна работа и помагање на Украинците во неволја.

Можете да прочитате

Иран тврди дека го погодил аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, Израел демантира

Во Амстердам затворен голем пазар за украдени податоци

ИДФ издаде предупредување без преседан за евакуација на целото упориште на Хезболах во Бејрут