Утрински Весник
Свет

Гутереш: На Русија и на Украина ќе им треба време за да ја разберат потребата од прекин на огнот

Гутереш: На Русија и на Украина ќе им треба време за да ја разберат потребата од прекин на огнот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ќе биде потребно извесно време Русија и Украина да ја разберат потребата од прекин на огнот, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во интервјуто за турската агенција „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

„ОН и Турција имаат солидно партнерство во изнаоѓање решенија за драматичните последици од војната во Украина. Црноморската иницијатива за транспортот на жито беше реализирана со посредство на ОН и Турција. Претседателот Ердоган и јас лично работиме да обезбедиме продолжување на договорот. Во исто време разговараме за можноста за извоз на руски амониумнитрат со гасоводот што поминува низ Украина преку истите канали. Турција и ОН работат многу напорно за да ги минимизираат ефектите од војната во Украина. На пример, денеска разговарав со рускиот претседател Путин. Претседателот Ердоган ќе се сретне со него во Самарканд. Верувам дека нашите пораки ќе бидат доста слични при средбата и со Украина и со Русија бидејќи и Турција и ОН се стремат кон мир“, рече Гутереш.

Тој исто така додаде дека ОН заедно со ЕУ и САД прават сѐ што е можно за да се осигурат дека санкциите нема да го попречат снабдувањето со храна и ѓубрива.

Целото интервју на линкот.

Можете да прочитате

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина

Чешка доби нова влада – 24info.mk