Утрински Весник
Спорт

Шек признава: Родман беше најлошиот соиграч кој сум го имал

Шек признава: Родман беше најлошиот соиграч кој сум го имал
Dik 300x250 mk

Шекил О’Нил во својата кариера играше за шест НБА тимови во 20 години, но не се двоуми во изборот на својот најлош соиграч, велејќи дека тоа е Денис Родман. О’Нил одигра само една сезона со Родман кога пристигна во Лос Анџелес лејкерс во 1998/99.

dobivaj vesti na viber

„Тој беше голем играч, но навистина ги правеше работите тешки за тебе. Ќе се обидеш да ги обединиш момците заедно, но некој над тебе му дозволува на еден човек да прави што сака. Затоа моравме да бидеме таму на еден час пред натпреварот, бидејќи тој ќе пристигнеше на 15 минути пред мечот со порција ориз и пилешко. Додека тренерите зборуваа, тој беше на туш. Потоа ќе влезеше на терен и ќе имаше 15-20 скока!“, вели О’Нил.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа