Утрински Весник
Спорт

Италијанците размислуваат за Ол-стар натпревар во Серија А

Италијанците размислуваат за Ол-стар натпревар во Серија А

Претседателот на италијанската Серија А, Лоренцо Касини, изјави дека лигата размислува за одржување на Ол-стар натпревар по примерот на оние кои се играат на тлото на Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

„Идејата да се игра Ол-стар натпревар го заслужува целото внимание. Ќе го разгледаме овој проект, а клубовите ќе ги оценат сите негови позитивни и негативни аспекти“, рече Касини.

Сопственикот на Челси, Тод Боели, ја претстави оваа идеја во вторникот во Њујорк, според која Ол-стар натпревар од Премиерлигата би се играл меѓу клубови од северот и југот на земјата.

Ол-стар натпревар со ваков концепт нема да биде возможен во Серија А. Моментно во најсилната италијанска лига има само три екипи јужно од Рим, додека 15 од нив се наоѓаат на северот на земјата.

Можете да прочитате

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1

Иранската државна телевизија ги прогласи фудбалерките за предавници