Утрински Весник
Спорт

Анчелоти стигна до јубилеен успех во ЛШ

Анчелоти стигна до јубилеен успех во ЛШ

Реал Мадрид одлично ја почна новата сезона. Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите и Ла Лига има максимален ефект. „Кралевите“ ја продолжија победничката серија синоќа во второто коло од елитното европско натпреварување, победувајќи го Лајпциг со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Карло Анчелоти на тој начин стигна до својата стота победа во натпреварите од Лигата на шампионите и со тоа стигна до втората позиција на листата на најуспешни стратези. Првото место го држи сер Алекс Фергусон, легендарниот шкотски стручњак, до кое го делат уште две победи.

Следен натпревар на Реал Мадрид е градското дерби со Атлетико во Ла Лига пред репрезентативната пауза, а потоа следуваат два натпревари со Шахтјор. Можеби Анчелоти ќе го „симне“ Ферги од врвот веќе во групната фаза од Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027