Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Обвинетата Левковска: Нe сакавме да се случи тоа што се случи

Обвинетата Левковска: Нe сакавме да се случи тоа што се случи
300x250 opst2

Второобвинетата за убиството на ракометарот Денис Тот, Клементина Левковска на денешното судење рече дека не сакала да се случи убиство и изрази сочувство на семејството. Нејзиниот исказ пред судот денес беше кус.

dobivaj vesti na viber

„Сакам само да изразам сочувство на фамилијата. Никој од нас не сакал, а најмалку јас, да се случи тоа што се случи и што ми се става на товар“, рече Левковска.

Сочувство до семејството изразија и Анџело Ѓорѓиевски и Андреј Костовски. Нагласија дека немале умисла да го убијат Денис Тот.

Денес во судницата беше присутен и таткото на убиениот ракометар Игор Тот, кој најави отштетно побарување и изрази надеж дека низ постапката ќе се утврди дали обвинетите се виновни и доколку се виновни ќе добијат казни.

Одбраната, пак, најави дека ќе бара смена на правната квалификација на делото. Ќе бараат на обвинетите да им се суди за тепачка со смртни последици место за убиство оти недостасува умисла за делото да биде умисла.

Денис Тот беше убиен во април годинава пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот.

Од април годинава за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Левковска и 22-годишниот Андреј Костовски.

Можете да прочитате

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните