Утрински Весник
Македонија

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата
Dik 300x250 mk

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваа на вежба на припадниците на Армијата, која ги вклучуваше новите оклопни возила JLTV Oshkosh и армиските хеликоптери.

dobivaj vesti na viber

„’Криволак’ е најдобриот пример за ефикасноста на нашата заедничка соработка. Кога имаме јасни цели и кога сме посветени на развојот, и нашите пријатели и стратешки партнери се секогаш тука да ни помогнат“, рече министерката по показната вежба. Додаде дека токму на ‘Криволак’, припадници на македонската Армија и вооружените сили на САД тренираат не едни покрај други, туку едни со други, учејќи нови вештини и нови способности и заеднички развивајќи ја интероперабилноста која е круцијална за безбедноста и стабилноста на двете земји и на евроатлантската област.

Во однос на одбранбената соработка на двете земји, Петровска го истакна развојот на полигонот каде заеднички беше подобрена инфраструктурата, а беа изградени и нови вежбовни содржини, додека истовремено над 1.000 армиски припадници завршија голем број на обуки и високи школи во САД. Заедно, рече министерката, го реализираме и процесот на модернизација, најголем во овој обем досега.

„Со набавката на новите оклопни возила, JLTV Oshkosh и Stryker, заеднички го менуваме ликот на Армијата и заеднички креираме Армија која е и ќе продолжи да биде вистинска вредност за колективната одбрана, нешто што во овие несигурни времиња е столб за нашата безбедност и сигурност“, подвлече министерката.

По повод завршувањето на мандатот на амбасадорката Брнз, министерката изрази благодарност за нејзината визија, посветеност и отвореност секогаш да одиме чекор понапред во развојот на соработката која се основа на нашите споделени вредности и принципи и на меѓусебната почит и доверба.

По показната вежба, Петровска на Брнз и врачи македонско знаме и плакета, во името на одличната соработка помеѓу Северна Македонија и САД која е особено интензивна во периодот кога Брнз е амбасадорка на САД во нашата земја.

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!