Утрински Весник
Свет

Кремљ откри за што ќе разговараат утре Путин и Џинпинг

Кремљ откри за што ќе разговараат утре Путин и Џинпинг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинескиот лидер Шји Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на нивниот состанок утре ќе разговараат за конфликтот во Украина и за други „меѓународни и регионални прашања“, соопшти Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Двајцата лидери ќе се сретнат во Узбекистан на самит кој ќе покаже „алтернатива“ на западниот свет, додава Кремљ.

Џинпинг заминува на своето прво патување во странство од почетокот на пандемијата, јавува Би-Би-Си.

Кинескиот претседател денеска ја започнува својата тридневна посета на Казахстан. Утре ќе се сретне со Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, кој ќе се одржи на 15 и 16 септември.

„ На самитот Путин ќе се сретне и со други лидери, вклучително и со оние од Индија, Пакистан, Турција и Иран, но неговата средба со кинескиот лидер е од особено значење“ – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека самитот се одржува „во позадината на големите политички промени“.

Шангајската организација за соработка е основана во 2001 година со четири поранешни советски држави од Централна Азија, а Кина и Русија долго време се обидуваат да ја позиционираат како алтернатива на западните мултилатерални групи.

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно