Утрински Весник
Свет

Се урна станбена зграда во Аман, пет лица загинаа, а 14 се повредени

Се урна станбена зграда во Аман, пет лица загинаа, а 14 се повредени

Пет лица загинаа, а 14 се повредени денеска при уривање на четирикатница во Аман, објавија јорданските власти нов биланс на несреќата.

dobivaj vesti na viber

Зградата се урна во станбениот кварт Џабал ал Веибдех во центарот на Аман.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по луѓе под урнатините.

Зградата се урна бидејќи е стара и дотраена, изјави за локалната телевизија вицепремиерот и министер за локална администрација Тауфик Кришан, додавајќи дека властите ја испитуваат состојбата на соседните згради.

Премиерот Бишер ал-Касавне, придружуван од неколку министри, го посети местото на несреќата. Тоа е боемски кварт и се смета за еден од најстарите во Аман, популарен меѓу странците и познат по својата жива културна сцена, пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите