Утрински Весник
Свет

Поддршката за Чарлс драстично порасна откако тој стана крал

Поддршката за Чарлс драстично порасна откако тој стана крал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кралот Чарлс Трети ужива зголемена поддршка откако ја наследи кралицата Елизабета Втора како нов монарх на Велика Британија, покажува анкетата на глобалната агенција за истражување на јавното мислење SouthGov.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето за весникот „Тајмс“ покажало дека поддршката за Чарлс (73) драстично се зголемила откако тој стана крал во споредба со анкетите спроведени претходно оваа година, објави „Ројтерс“.

Исто така, и неговата сопруга Камила, кралица сопруга, сега ужива поголема поддршка.

Сега 63 отсто од јавноста мисли дека Чарлс Трети ќе стане добар крал, што е за 24-процентни поени повеќе од март, а 15 отсто веруваат дека тој ќе заврши слаба работа во споредба со 31 отсто пред шест месеци, покажа анкетата објавена денеска.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа