Утрински Весник
Спорт

Паладино ќе го наследи Стропа на клупата на Монца

Паладино ќе го наследи Стропа на клупата на Монца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанскиот калчолигаш Монца му даде отказ на тренерот Џовани Стропа поради лошите резултати. На негово место доаѓа Рафаел Паладино. Од клубот не прецизираа дали Паладино привремено ќе го води тимот или ќе биде постојано решение. Со Монца раководи познатиот тандем од славните денови на Милан, Берлускони – Галијани.

dobivaj vesti na viber

Минатата сезона Стропа ја предводеше Монца до најдобриот резултат во историјата и пласманот во Серија А, но тимот по шест кола има само еден освоен бод во најсилното италијанско натпреварување.

Своето деби на клупата Паладино ќе го има в недела против Јувентус за кого одигра повеќе од 50 натпревари пред да замине во Џенова во 2008 година.

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот