Утрински Весник
Свет

Папата Франциск во посета на Казахстан

Папата Франциск во посета на Казахстан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Папата Франциск денеска пристигна во тридневна посета на Казахстан, а утре ќе учествува на Конгресот на лидерите на светските и традиционалните религии.

dobivaj vesti na viber

Авионот со папата Франциско од Рим слета по шестчасовно патување во главниот град на централноазиската република. Поглаварот на Католичката црква денеска ќе се сретне со претседателот Касим-Зомарт Токајев и со дипломати.

За 85-годишниот Папа, кој страда од проблеми со коленото и поголемиот дел од времето го поминува во инвалидска количка, посетата на Казахстан е трето патување во странство годинава, по патувањата во Малта и Канада.

Во главниот град Нур-Султан, кој до 2019 година се викаше Астана, ќе се одржи седмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии.

Можете да прочитате

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра