Утрински Весник
Спорт

5.000 Германци без билети пристигнале во Марсеј

5.000 Германци без билети пристигнале во Марсеј

Илјада жандарми и полицајци се мобилизирани во Марсеј по повод натпреварот што локалниот Олимпик во вторник ќе го одигра против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Се очекува во градот да пристигнат најмалку 8.000 германски навивачи, поради што илјада жандарми и полицајци се распоредени низ градот, дознава „Франс прес“ од полицијата во Марсеј.

Навивачите на Ајнтрахт и Олимпик од понеделникот се бркаа во градот, а на крајот на вечерта дојде до тепачка помеѓу дваесетина навивачи.
Уапсени се осум лица, меѓу кои и германски навивачи, од кои повеќето поради носење оружје, се наведува.

Се очекува стадионот „Велодром“ да биде полн со околу 62.000 луѓе, меѓу кои и 3.300 гостински навивачи.

Локалните власти проценуваат дека ќе се појават уште 5.000 навивачи на Ајнтрахт кои немаат билети, а градските власти им забраниле на германските навивачи да се движат во центарот на градот.

Раководството на Олимпик за натпреварот ангажираше 1.200 стјуарди, а на трибините ќе бидат присутни околу 40 стјуарди од Германија.

Минатата сезона на „Велодром“ се случија неколку инциденти на натпреварите против Галатасарај, Базел, ПАОК и Феенорд.

Минатата недела имаше тепачка меѓу навивачите на Ница и Келн во Конференциската лига, која повторно го отвори прашањето за безбедноста на фудбалските натпревари.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина