Утрински Весник
Свет

Редок вид на ајкули забележан во Јадранското Море

Редок вид на ајкули забележан во Јадранското Море

Институтот за морска биологија на Универзитетот во Црна Гора забележал дека во Јадранското Море има вкупно 44 видови ајкули што сочинува 75 проценти од сите видови рскавични риби во Јадранот.

dobivaj vesti na viber

Институцијата соопштла дека на брегот на Црна Гора е забележан редок вид на ајкула – песочното куче, додека најчест вид на голема ајкула е синото куче.

Илија Четковиќ, од Институтот за морска биологија, чија област на истражување се ајкулите вели дека спротивно на вообичаеното мислење на луѓето, овие видови можат да се најдат во сите мориња во светот, вклучително и во Јадранот, пренесува Вијести.

„Досега во Јадранското Море се забележани дури 59 видови. Некои од „живите фосили“ можат да се најдат во неговите води“, вели Четковиќ.

Институтот за морска биологија спроведува истражувања со цел да се утврди биодиверзитетот и зачестеноста на овие видови во нашите води. Наодите на некои датираат со децении и нивното сегашно присуство не е потврдено, кажал тој.

„Анализата на повеќегодишните податоци покажа дека од големите видови ајкули, сината ајкула е далеку најзастапена, додека сите останати се неспоредливо поретки. Ова не е изненадување, туку само ги потврдува претпоставките и се вклопува во трендовите на остатокот од Јадранот“, изјавил тој.

„Медитеранското Море претставува еден вид жариште на биолошката разновидност на ‘рскавичните риби, бидејќи е населено со околу седум проценти од нивниот вкупен број. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да ги проследат своите видувања и да фатат какви било ајкули, а ја користиме и можноста да им се заблагодарам на оние кои веќе го направија тоа“, рекол тој.

Можете да прочитате

Опозицијата во Холандија бара предвремени избори откако падна владата

Неколку деца хоспитализирани во Италија поради труење со хлор по пливање во базен

Турските власти запленија речиси два тона наркотици на границата со Иран