Утрински Весник
Свет

Путин: Економскиот „блицкриг“ против Русија не успеа

Путин: Економскиот „блицкриг“ против Русија не успеа

Русија се соочува со финансиска и технолошка агресија, но економскиот „блицкриг“ против неа не успеа, изјавил денеска рускиот претседател Владимир Путин, според медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Русија убедливо се бори со надворешниот притисок, може да се каже, со финансиската и технолошката агресија на некои земји. Економската тактика на блицкриг не функционираше, тоа веќе им е очигледно на сите, вклучително и на нив“, кажал Путин.

Тој изјавил дека буџетот на Русија во следните три години ќе одговори на приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјата. Приоритет е макроекономската стабилност на Русија, нагласил Путин на средбата за економски прашања.

Додал и дека е неопходно да се создадат услови за реструктуирање на економијата, реализација на национални проекти и развој на инфраструктурата, пренесува РИА Новости.

Путин рекол дека инфлацијата паднала од 17,8 отсто во април на 14 отсто во септември и дека има причина да се верува дека до крајот на годината ќе биде уште помала, а невработеноста е на историски најниско ниво.

Можете да прочитате

Русите нападнаа болница во Харков, најмалку 46 повредени, 200 пациенти евакуирани

САД нападнаа ирански цели во Ормускиот Теснец, Нетанјаху бара нова воена акција

Путин им наложи на приватните центри за податоци да издвојат 10 проценти од капацитетот за руската ИТ-инфраструктура