Утрински Весник
Свет

Претседателот на унгарското собрание: ЕУ е губитник во украинската војна

Претседателот на унгарското собрание: ЕУ е губитник во украинската војна

Претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Ковер, рече дека Европската унија може да се смета за губитник во украинскиот конфликт, бидејќи европскиот блок цело време работи против сопствените економски интереси.

dobivaj vesti na viber

– Денеска ЕУ е под внатрешен притисок и не може да го врати мирот преку дипломатија. Тој се однесува спротивно на основните економски интереси и може да се смета за губитник – изјави Ковер, а пренесува унгарската агенција МТИ.

Според него, под дадените околности „Брисел им служел на неевропските интересни групи“, кои ги осудиле ЕУ и нејзините членки на „воена ранливост, политичка зависност, економска и енергетска неодржливост и социјална дезинтеграција“,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Венецуела сака повторно да воспостави дипломатски односи со САД

Руски дронови погодиле два странски цивилни брода во регионот на Одеса

Над 60 загинати во протестите во Иран