Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката од граѓаните и Општина Центар за Украина и украинскиот народ

Герасимовски: „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката од граѓаните и Општина Центар за Украина и украинскиот народ

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович, свечено ја отворија „Алејата на Украина“.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Герасимовски истакна дека оваа локација каде денеска се отвори „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина и украинскиот народ.

„Општина Центар сочувствува со Украина и украинскиот народ. Нашите жители веќе згрижија неколку семејства меѓу кои и мајка со новороденче. Помошта и поддршката се најдрагоценото нешто доколку се даде тогаш кога треба. Општина Центар останува отворена за помош и поддршка на сите семејства и поединци од завојуваните подрачја кои ќе дојдат во Општина Центар“, истакна Герасимовски.

Амбасадорката на Украина Лариса Дир ја искажа својата благодарност за поддршката на Општина Центар.

„Би сакала да ѝ се заблагодарам на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците. Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина“, изјави амбасадорката Дир.

По отворање на „Алејата на Украина“ беше претставена и изложба на фотографии кои го прикажуваат уништеното културно наследство на Украина како последица од случувањата во земјата.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа