Утрински Весник
Спорт

Брајтон го сака Де Зерби за нов менаџер

Брајтон го сака Де Зерби за нов менаџер

По заминувањето на Грем Потер во Челси, раководството на Брајтон се уште е во потрага по негов наследник. Според медиумите, нов шеф на стручниот штаб на Брајтон би можел да стане Роберто Де Зерби.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот тренер на Сасуоло и на Шахтјор се уште е без работа откако го раскина договорот со клубот од Доњецк поради војната во Украина.

43-годишниот стратег неодамна доби понуда од Болоња да го наследи српскиот стратег Синиша Михајловиќ на клупата. Но, Де Зерби одбил поради, како што се наведува, голема почит кон Србинот, имајќи предвид дека Синиша со години се бори со леукемија.

Италијанскиот стратег наводно сака и работа која носи поголем предизвик, а тоа секако е работа во Премиерлигата.

Брајтон треба да започне преговори со Де Зерби за потенцијален ангажман на почетокот на следната недела.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ