Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд ги укинува речиси сите мерки за Ковид-19

Нов Зеланд ги укинува речиси сите мерки за Ковид-19

Посетителите на Нов Зеланд повеќе нема да треба да се вакцинираат против коронавирусот, најави премиерката Џасинда Ардерн.

dobivaj vesti na viber

Ќе заврши и задолжителната вакцинација за здравствените работници, јавуваат медиумите.

Ќе се укине и обврската за носење маска, освен во здравствени установи и установи за згрижување стари лица.

Друга мерка што останува во сила е дека оние кои се позитивни на тестот мора да останат во изолација седум дена.

– Време е да ја свртиме страницата во нашето управување со Ковид-19 и да живееме без итни мерки што ги користевме претходно – рече Ардерн, пренесе „Хина“.

Земјата ги затвори своите граници за речиси сите во март 2020 година и целосно ги отвори во јули. Ардерн рече дека повеќе нема да биде задолжително да се тестираат туристите по пристигнувањето во земјата и на петтиот ден од нивниот престој.

– Денешниот ден е пресвртница во нашето справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Конечно можеме да кажеме дека периодот во кој коронавирусот диктираше што се случува во нашите животи заврши, ние повторно ја преземаме контролата во свои раце – рече Ардерн.

Промените доаѓаат со опаѓање на појавата на омикронската варијанта и завршувањето на зимата на јужната хемисфера.

Бројот на случаи во Нов Зеланд е на најниска точка од февруари, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната