Утрински Весник
Свет

Објавена карта на која се гледа колку територија ослободила Украина во септември

Објавена карта на која се гледа колку територија ослободила Украина во септември

Американскиот тинк-тенк за одбрана и безбедност Институт за воени студии (ISW) денеска објави дека украинската армија досега ослободила 2.500 квадратни километри во регионот на Харков.

dobivaj vesti na viber

Тоа е резултат на украинската офанзива која трае со денови. Објавена е и карта на која се гледа колкава територија ослободила украинската армија во овој дел.

Руските напредувања се означени со црвено, а украинските контранапади се означени со сина боја. Делот означен со жолто покажува места под руска контрола.

Се наведува дека Русија го напуштила своето главно упориште во североисточна Украина во саботата, при ненадејниот колапс на една од главните линии на фронтот, откако украинските сили се заканија дека ќе ја опколат областа.

Брзиот пад на Изјум во областа Харков беше најтешкиот пораз на Москва од март, кога руските војници беа принудени да се повлечат од главниот град Киев.

Зпадните медиуми коментираат дека тоа би можело да биде одлучувачка пресвртница во шестмесечната војна, при што илјадници руски војници бегаат и ја напуштаат муницијата и опремата.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk