Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил сподели фотографија со славниот канадски психолог, Џордан Питерсон, по нивната средба во Манчестер, која се случила по мечот на Манчестер јунајтед со Реал Сосиедад во Лига Европа.
„Убаво што те видов пријателу“, напиша Роналдо на Инстаграм.
Питерсон, покрај својата кариера како психолог, последните години стана популарен како коментатор за културни и политички работи, прославуван како конзервативец.
Роналдо, пак, имаше тешка 2022 година во својот личен живот, со смртта на неговото новородено дете, но и професионално тешка, по обидот да си замине од Манчестер јунајтед.
View this post on Instagram