Утрински Весник
Спорт

Барселона сака да прекине негативна традиција долга 16 години

Барселона сака да прекине негативна традиција долга 16 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Барселона денеска ги очекува гостување кај тимот на Кадиз против кој немаат четири победи во низа. Тие дефинитивно сакаат да ја прекинат оваа негативна традиција. Последен пат каталонскиот клуб славел против Кадиз пред 16 години.

dobivaj vesti na viber

Откако Кадиз се врати во елитата пред две години, по 14 сезони во втората лига, Барса нема победа на четири меча против тимот од Андалузија. Со Роналд Куман на клупата Кадиз славеше како домаќин со резултат 2:1, а потоа на „Камп Ноу“ беше нерешено, 1:1.

Куман не успеа да го победи Кадиз ниту минатиот септември (0:0), а потоа со Чави на клупата Барселона загуби (0:1) на „Камп Ноу“ во април.
Пред овие четири натпревари, Барса се сретна со Кадиз во сезоната 2005/06, а последниот триумф го донесе Роналдињо во април 2006 година, кога беше 1:0. За Барса тогаш играа и Деко, Ето, Жили, Иниеста, Ларсон, Пујол, Ван Бомел…

Оваа сезона, Барселона е многу моќна, а Кадиз нема освоено ниту еден бод и на четири натпревари немаат постигнато ниту еден гол, со гол – разлика 0:10.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028