Утрински Весник
Македонија

Приведени дрвокрадци во Тетово и Гостивар

Приведени дрвокрадци во Тетово и Гостивар

Вчера, во 19.30 часот, во тетовска Волковија, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г. Ј. (49) од Гостивар и Ј. С. (63) од ова село, кои со два трактора со приколки пренесувале дабово огревно дрво без потребните документи откога претходно биле затекнати во атарот на селото. На двете лица одземени им се тракторите „имт“, две моторни пили и дрвата, задржани се во полициска станица и по документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

dobivaj vesti na viber

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (8 септември), во 16.15 часот и во 19 часот, ги лишиле од слобода Ш. Х. (48), И. Д. (27), Ј. Д. (38) и Н. Д. (30), сите од гостиварско Чегране, кои биле затекнати на локалниот пат во селото, во месноста Јолов Дол, како со возила (џипови) пренесуваат огревни дрва без потребните документи. Одземени им се две возила, дрвата и исто толку моторни пили и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат поднесоци по член 226 од Кривичниот законик за пустошење шума.

Можете да прочитате

Хаос во емисија: Боки 13 и Рускоска разменија обвинувања во живо пред јавноста

Арсовска: Град Скопје ја казни „Адријус“ за див приклучок, се чека на ОЈО и МВР

Собранието се штити од граѓаните: Нов закон забранува протести и дронови околу парламентот