Утрински Весник
Свет

Украина: Руските војници дезертираа, ги соблекоа униформите и тајно бегаат во Русија

Украина: Руските војници дезертираа, ги соблекоа униформите и тајно бегаат во Русија
Dik 300x250 mk

Украинската војска соопшти дека руските сили во регионот на Харков претрпеле значителни загуби, поради што некои војници дезертирале и ги соблекле униформите за да не бидат препознаени од цивилите.

dobivaj vesti na viber

„Некои непријателски единици претрпеа значителни загуби“, соопшти главниот штаб на украинските вооружени сили.

„Војниците дезертираат во цивилна облека и се обидуваат да се вратат на територијата на Русија. Во текот на денот забележавме повеќе од 15 такви случаи“, додаде тој.

Штабот ја повтори оценката на украинската армија дека за три дена напреднале речиси 50 километри на територијата под руска контрола и дека Русите се повлекуваат.

„Окупаторите се обидуваат да ги евакуираат ранетите војници и оштетената воена опрема во областите на населбите Вилхуватка и Бородојарска“, велат од штабот.

Киев во изминатите 24 часа повторно го зазеде градот Балаклија во Харков, кој шест месеци беше под руска окупација. Украина се приближи до важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војната (ISW) верува дека најверојатно ќе го освои во наредните денови, пишува CNN.

 

Можете да прочитате

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија