Утрински Весник
Спорт

Јуве ќе имаат загуба од 240 милиони евра за 2021/22!

Јуве ќе имаат загуба од 240 милиони евра за 2021/22!

Според „Калчо е финанца“, специјализираниот медиум кој ги следи финансиските случувањ во италијанската лига, Јувентус ќе објави фантастична загуба од 240 милиони евра за сезоната 2021/22.

dobivaj vesti na viber

Месечниот извештај од татковската компанија „Ексор“ покажува дека има загуби од 132 милиони евра од јануари до јуни 2022 година, што заедно со веќе потврдените 119 милиони евра загуба од претходните шест месеци, значи дека загубата во само една сезона се доближува на сумата од четврт милијарда евра.

„Ексор“ е холдинг компанијата во сопственост на семејството Ањели, која поседува 63.8 отсто од клубот, а бидејќи Јувентус е на италијанската берза, акционерите ќе мора да го одобрат економскиот план на состанокот одд 16 до 23 септември. Според „Калчомеркато“, Јувентус, кои пријавуваат загуби во секоја фискална година од 2017/18, ги скратиле трошоците за плати за 20 милиони евра ова лето, и заработиле 33 милиони евра во преодниот рок.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ