Утрински Весник
Свет

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа поради сајбер нападите кои се случија во јули за кои Тирана го обвини Техеран.

dobivaj vesti na viber

Албанскиот премиер, Еди Рама рече дека овој екстремен одговор е целосно пропорционален на сериозноста и ризикот од сајбер напад кој се заканувал да ги осакати јавните услуги, да ги избрише дигиталните системи и да ги хакира владините записи, да ги украде владините електронски комуникации на интранетот и да ослободи хаос и несигурност во земјата.

„Советот на министри одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Иран“, рече Рама.

Како што оцени, нападот не бил успешен.

„Штетата може да се смета за минимална во споредба со целите на агресорот. Сите системи повторно беа целосно функционални по нападот и ниту еден податок не беше неповратно избришан“, објасни тој.

Во јули, во Албанија се случи сајбер напад, кој привремено ги парализираше владините веб-страници, а онлајн владините служби мораа да бидат затворени.

Минатиот месец, фирмата за сајбер безбедност Mandiant оцени дека нападот во јули го извршил Иран, иако многу американски медиуми пишуваа дека Русија најверојатно стои зад нападот.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа