Утрински Весник
Свет

Трите балтички земји воведуваат забрана за влез на Русите

Трите балтички земји воведуваат забрана за влез на Русите

Летонија, Литванија и Естонија постигнаа начелен договор за ограничување на движењето на руските граѓани преку нивните граници со Русија и Белорусија, изјави естонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, а пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Трите балтички земји очекуваат да воведат забрана за влез до средината на септември.

– Во последните неколку недели и месеци драстично е зголемено прекуграничното преминување на руски државјани со шенген-визи. Ова станува прашање на јавна безбедност, но е и прашање од морална и политичка природа – рече Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.

Возачите на камиони, дипломатите и оние кои ја преминуваат границата од хуманитарни и семејни причини ќе бидат ослободени од ограничувањата, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите