Утрински Весник
Магазин

Саудиска Арабија го предупреди „Нетфликс“ за кршење на исламските вредности

Саудиска Арабија го предупреди „Нетфликс“ за кршење на исламските вредности
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арапските земји од Персискиот залив побараа „Нетфликс“ да ја отстрани содржината за која се смета дека „ги прекршува исламските и општествените вредности и принципи“, јавуваат саудиските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Неодамнешниот материјал, вклучително и оној направен за деца, е во спротивност со прописите, предупредуваат во соопштението набљудувачите на медиуми на Советот за соработка на државите од Заливот.

Во соопштението нема никакви дополнителни детали.

Но, саудиската државна телевизија ги замати клиповите од анимираната серија Јurassic World: Camp Cretacious, во кој две тинејџерки признаваат дека се сакаат и се бакнуваат.

Снимка од контроверзниот француски филм Cuties, исто така, е наведена во извештајот на телевизијата Al Ekhbariya, заедно со натпис во кој се обвинува „Нетфликс“ дека е „кинематографски параван за неморални пораки кои го загрозуваат здравото воспитување на децата“.

Друго видео на веб-страницата на „Ал Ехбарија“ тврди дека стриминг-услугата „ја промовира хомосексуалноста преку прекумерно фокусирање на хомосексуалците“.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“