Рускиот претседател Владимир Путин е снимен во непријатна средба со началникот на Генералштабот додека ги надгледувал воените вежби на далечниот исток на Русија, илјадници километри оддалечени од конфликтот во Украина.
Воената информативна служба „Ѕвезда“ објави видео на кое Путин и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов влегуваат во набљудувачката кабина, седат на растојание еден од друг во непријатна тишина и чекаат да им се придружи министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Герасимов си ја галеше косата и гледаше некои документи, додека Путин гледаше со двоглед, во еден момент само кимна со главата на коментарот на генералот, пренесува „Ројтерс“.
Vladimir Putin, Sergei Shoigu and Valery Gerasimov watch the Vostok-2022 exercise at the Sergeevsky training ground pic.twitter.com/YkAtN8HoPK
— cooper (@coope125) September 6, 2022
Нивниот говор на телото предизвика толкувања на политички и воени аналитичари на социјалните мрежи.
„ Путин очигледно не сака ни да разговара со командантот на руските вооружени сили – напиша на Твитер поранешниот шведски премиер Карл Билт.
Кремљ се уште не ги коментира овие наводи.
Во второто видео атмосферата изгледа порелаксирана бидејќи Путин и Шојгу се прикажуваат како разменуваат шеги додека Герасимов разговара на телефон.
Would anyone describe this is a happy and confident trio? Putin obviously doesn’t even want to talk with the commander of the ???????? armed forces. pic.twitter.com/gfgcXfIPwy
— Carl Bildt (@carlbildt) September 6, 2022
Герасимов речиси и не се појави во јавноста во текот на 195-те дена од рускиот конфликт со Украина, што ги поттикна шпекулациите за неговата позиција со Путин, а понекогаш дури и за неговото здравје.
Со организирањето на воените вежби „Восток“, кои се одржуваат на секои четири години, Путин очигледно сака да испрати порака дека руската армија е способна да врши и други редовни активности и покрај војната, пишува „Ројтерс“.
Сепак, Министерството за одбрана соопшти дека во вежбите, кои започнаа на 1 септември, учествувале 50.000 војници, што е дел од 300.000 што учествувале во 2018 година. Западните воени аналитичари велат дека и двете бројки се претерани.
Во маневрите учествуваат сили од Индија и Кина.