Со првите мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите денеска, започнува и користењето на „Полу-автоматската технологија за офсајди“ (САОТ), која ќе треба да помогне да се избегнат контроверзи во елитното европско натпреварување.
УЕФА минатиот месец го потврди користењето на новата технологија за да се „зголеми токот на играта и постојаноста на одлуките“, технологија со која ВАР судиите ќе можат побргу и поточно да ги утврдуваат офсајд ситуациите.
10 камери за следење ќе бидат поставени под покривите на сите стадиони на кои се игра фудбал и ќе ја следат топката и 29 точки на телото на секој фудбалер 50 пати во секунда, пресметувајќи ја нивната точна позиција на теренот. Овие 29 точки ќе ги вклучуваат рацете и нозете на фудбалерите кои се клучни при одредуваето офсајд. Овие податоци се сместуваат во компјутер кој го предупредува ВАР системот кога ќе има офсајд.
Легендарниот поранешен италијански судија, а сега претседател на Комисијата на судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина е сигурен дека СОАТ ќе биде успех.
„ВАР веќе имаше позитивно влијание на фудбалот и можеме да забележиме драстично намалување на грешките на судиите. Очекуваме СОАТ да не однесе чекор подалеку. Сите сме свесни дека досегашниот процес на одредување офсајд трае предолго, и затоа сега ќе имаме побрзи и поточни одлуки. Знам дека некои го нарекоа ‘роботски офсајд’, но тоа не е точно бидејќи судиите и нивните помошници ќе ја носат конечната одлука“, вели Колина.
???? The #UCL group stages will see the introduction of Semi-Automated Offside Technology (SAOT).
⚽ How does it work and how will it affect the game? UEFA chief refereeing officer Roberto Rosetti explains all: ⬇️
— UEFA (@UEFA) September 2, 2022