Репрезентацијата на Турција ја надигра селекцијата на Белгија со 78:6, во групата А на Европското првенство во Тбилиси.
Турците сега имаат скор 3-1, но во последното коло играат против Шпанија која Белгија ја совлада. „Ѓаволите“ моментално се на 2-2 и во последното коло ќе бидат фаворити против Бугарија.
Така, на крајот лесно би можел да се создаде круг меѓу Шпанија, Турција, Белгија и Црна Гора.
Турците го отворија натпреварот со серија од 11:2, а разликата до крајот на првиот дел се искачи на 20:6.
Белгијците ја намалија таа разлика до крајот на полувремето, но Турците во третиот период востоставија целосна контрола и го решија прашањето околу конечниот победник на стартот на последната четвртина.
Најефикасен на средбата беше Алперен Шенгун со 24 поени, осум скока и шест асистенции, додека Фуркан Коркмаз постигна 15 поени.
Во поразениот тим потфрлија носителите на играта, а единствен двоцифрен беше Харис Братановиќ со 14 поени и пет скока.
This is a complete Sengun takeover in the 3rd Q ????#EuroBasket x #BringTheNoise pic.twitter.com/XCXiXP1Tdw
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 6, 2022