Утрински Весник
Свет

Лавров за новата британска премиерка: Трас однапред има негативен став кон Русија

Лавров за новата британска премиерка: Трас однапред има негативен став кон Русија

Новата британска премиерка Лиз Трас однапред има негативен став кон Русија, додека во сегашните околности за Лондон би било поважно да ги реши односите со најблиските соседи, вклучително и Франција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Лавров оцени дека Трас има приоритет пред конечно да го одреди својот однос кон Русија, а тоа е да разбере дали францускиот претседател Емануел Макрон е пријател или непријател, пренесува ТАС С.

Лондон се обидува да ја компензира загубата на влијание во Европа со агресивно мешање во ситуацијата поврзана со Украина и бранење на нејзините интереси без да ја земе предвид позицијата на другите земји, посочи Лавров.

На кампањата минатиот месец, Трус рече дека сè уште не одлучила дали францускиот претседател е пријател или непријател, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Жена во Чешка прогласена за почината, а потоа се случило нешто неочекувано

Орбан: Војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Почина палестинскиот доктор чии девет деца беа убиени во израелски напад