Утрински Весник
Македонија

302 санкционирани возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

302 санкционирани возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 била спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 302 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 194 не користеле заштитна кацига за време на возење, 62 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР најави дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика