Утрински Весник
Магазин

Познат италијански режисер откри дека е роден како жена

Познат италијански режисер откри дека е роден како жена

Наградениот италијански режисер Емануеле Криалезе во неделата откри дека е роден како жена додека го претставуваше својот автобиографски филм L’Immensita, со Пенелопе Круз во главната улога, на филмскиот фестивал во Венеција.

dobivaj vesti na viber

L’Immensita се фокусира на едно италијанско семејство во Рим во 70-тите, во кое најстарата ќерка се идентификува како момче, долевајќи масло на веќе затегнатите односи меѓу нејзината мајка, која ја глуми Пенелопе, и нејзиниот насилен, неверен татко.

„Ова е инспирирано од моето детство и мојата сопствена приказна“, рече Кријалезе, чиј филм, „Тераферма“ ја освои специјалната награда на жирито на венецискиот фестивал во 2011 година.

„Јас сум биолошки роден како жена, но тоа не значи дека во себе немам огромен дел женски карактер. Тоа е веројатно најдобриот дел од мене“, рече тој, јавно говорејќи првпат за својата транзиција.

„Во одреден момент морав да направам избор… дали да живеам или да умрам. Вие не избирате да одите на такво патување. Вие сте родени така“, додаде тој.

Тој не даде никакви детали за транзицијата, само рече дека како и во неговиот филм, се потпирал на мајка му за поддршка и ја препознавал вознемиреноста што ѝ ја предизвикувал.

Пенелоп Круз и Винченцо Амато позираат пред камерите по прикажувањето на филмот, Венеција, 4 септември

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста