Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: 34 златни и сребрени медали за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Герасимовски: 34 златни и сребрени медали за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Нов блесок на учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на „World Scholar’s Cup“ во Прага, Република Чешка.

dobivaj vesti na viber

Седум ученици се вратија со 34 златни и сребрени медали, од кои еден од нив има освоено 14 медали за постигнат успех во дебатирање и општо знаење со што директно се пласираа на финалниот натпревар кој ќе се одржи на „Јејл “ во САД.

Овие признанија не се први за нашите основци од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во февруари годинава од глобалниот натпревар кој се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати се вратија со 28 медали и 2 трофеја.

Општина Центар им упатува искрени честитки на учениците воедно ги поттикнува и останатите да се вклучат во овие натпреварувања кои носат високи признанија. Воедно, Центар им се заблагодарува и за промовирањето, претставувањето и високите резултати како за општината, така и за нашата држава.

Општина Центар ќе продолжи да дава безрезервна поддршка и да овозможува подобри услови за уште поквалитетно образование.

Можете да прочитате

70годишен тетовец украл паричник па од туѓа картичка извадил 41.000 денари

При претсрес за дрога уапсени две лица од Гостивар

Мицкоски: Во месеците што следат ќе има ново проширување на лекови на позитивната листа