Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

На 05.09.2022 во 00.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за Славеј планина, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.З.(19) од с.Подгорци, струшко, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.С.(52) од с.Бороец, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски

Левица: ДПМНЕ одби клучни амандмани за скандалозните измени на Законот за животната средина

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја