Утрински Весник
Спорт

Капело „удри“ по Алегри: Зошто не играше Влаховиќ?

Капело „удри“ по Алегри: Зошто не играше Влаховиќ?

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го критикуваше својот колега Масимилијано Алегри по киксот на Јувентус во Фиренца. „Старата дама“ одигра нерешено 1:1, во пресрет на дуелот со Пари Сен Жермен на стартот од новата сезона од Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Едно од главните прашања по мечот на „Артемио Франки“ беше зошто не играше најдобриот стрелец на тимот Душан Влаховиќ.
Алегри по натпреварот рече дека сакал да го одмори Влаховиќ по неколкуте добри натпревари што ги одигра и дека чувствувал дека новото засилување Аркадиуш Милик, кој го постигна единствениот гол на Јувентус, може да пружи нешто поразлично.

„Ја гледам табелата и гледам дека Јувентус заостанува само два бода зад првиот, но размислете дали одигра добро? Масимилијано, престани да се шегуваш. Те сакаме, но покажи ни подобар Јувентус. Ако кажеш дека најважниот натпревар што мораме да го добиеме е оној со Бенфика дома, тогаш зошто Влаховиќ не играше против Фиорентина“, прашува Капело.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина