Утрински Весник
Спорт

Судиите ја оштетија Литванија – ФИБА: Доцна се жалевте

Судиите ја оштетија Литванија – ФИБА: Доцна се жалевте

ФИБА Европа ја одби жалбата на литванската репрезентација на судиската одлука на натпреварот против Германија. Литванците загубија со 109:107, по две продолженија, па по три кола се уште се без победа.

dobivaj vesti na viber

На натпреварот против домаќинот Германија во Келн, на крајот од третата четвртина, судиите не и доделија уште едно слободно фрлање на Литванија по техничката грешка на германскиот селектор Гордон Херберт.

„Жалбата не може да се прифати бидејќи е поднесена по предвидениот рок од 60 минути по завршувањето на натпреварот. Исто така и да беше поднесена во предвидениот рок таа ќе беше одбиена. Наведената причина не е една од причините поради кои може да се поднесе жалба“, објави ФИБА Европа.

Оваа објава на ФИБА јавно ја коментираше најдобриот играч на Литванија од натпреварот со Германија, НБА центарот Јонас Валанчунас.

„Не знам што да кажам кога судиите ќе заборават да ви доделат слободно фрлање. Како е тоа воопшто можно, тоа е средношколска кошарка“, рече Валанчиунас.

Во четвртото коло Литванија мора да ја победи Унгарија, додека Германија ќе играат против Словенија.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила