Утрински Весник
Спорт

Беретини го доби маратонот со Давидович Фокина за четврт-финале во Њујорк

Беретини го доби маратонот со Давидович Фокина за четврт-финале во Њујорк
Dik 300x250 mk

Италијанскиот тениски ас, Матео Беретини влезе во четврт-финалето на САД опен, откако во маратон од речиси четири часа успеа да стигне до 3:6/7:6(2)/6:3/4:6/6:2 победа над Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.

dobivaj vesti na viber

Светскиот рекет број 14, кој мораше да се повлече од Вимблдон каде што беше меѓу фаворитите поради позитивен тест на Ковид, имаше 49 победнички топки пртив Давидович Фокина, но и дури 47 неизнудени грешки.

„Горд сум на мојат победа, бидејќи не започнав како што требаше. Губев еден сет и еден брејк, но продолжив да се борам. Во четвртиот сет веќе бев уморен, а Фокина играше одличен тенис. Штета што се повреди во финишот, но победата е многу важна за мене“, вели Беретини.

Следен за Италијанецот е Норвежанецот Каспер Руд, кој со 6:1/6:2/6:7(4)/6:2 го победи Французинот Корентин Муте за свое прво четврт-финале во Њујорк. 23-годишниот Руд го имаше мечот под контрола по експресните два сета, пред да ја загуби концентрацијата во четвртиот кој го загуби во тај-брејк.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони