Утрински Весник
Спорт

Кваракелија блеска, Наполи победува

Кваракелија блеска, Наполи победува

Екипата на Наполи успеа со пресврт да го победи Лацио во Рим со 1:2. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше од 68.минута кога влезе на местото на Зјелински.

dobivaj vesti na viber

Играчите на Наполи одиграа одличен натпревар, со оваа победа им докажаа на останатите противници дека имаат квалитет да се борат за титулата.

Лацио почнаа подобро, стигнаа до предност во четвртата минута кога Милинковиќ-Савиќ го пронајде Андерсон на десната страна, тој нафрли каде што беше Закањи, кој со одличен удар од околу 20 метри го погоди самиот агол од голот на Наполи.

Сепак, тоа се покажа како единствениот удар кон голот на Лацио во првото полувреме, а Наполи ја презеде иницијативата.

Наполитанците израмнија во 38. минута од натпреварот. По корнерот на Зјелински највисок беше Ким Мин-Јае. Кореецот го постигна првиот гол за Наполи во кариерата.

Продолжението донесе одлична игра од Наполи, притиснаа со сите слили, добри шанси не реалзиираа Осимен и Кваракелија. Иницијативата ја наплатија во кога Грузиецот го совлада Проведел.

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник