Утрински Весник
Свет

(Видео) Илјадници руски граѓани чекаат во ред за да му оддадат почит на Горбачов, пристигна и Орбан

(Видео) Илјадници  руски граѓани чекаат во ред за да му оддадат почит на Горбачов, пристигна и Орбан

Илјадници руски граѓани трпеливо чекаат за да му оддадат почит на Михаил Горбачов, последниот советски лидер кој ја донесе Студената војна до мирен крај, јавуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите на истото место каде што беше изложено телото на Јосиф Сталин во 1953 година, овој пат телото на Горбачов беше изложено во отворен ковчег и придружуван од почесна стража. Таму лежат и останатите претходници на Горбачов, Ленин и Брежњев.

Илјадници луѓе полагаат цвеќе. На погребот пристигна и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Многу Руси, како што анализираат медиумите, го сметаат Горбачов за одговорен и виновен за воведувањето реформи што предизвикаа економски хаос во земјата и за дозволувањето на распадот на Советскиот Сојуз.

И покрај тоа, и младите и старите московјани стојат во долги редици на улиците околу Домот на синдикатите за да му оддадат почит, јавува Ројтерс.

Меѓу нив бил и политичарот Григориј Јавлински, со либерална политичка ориентација, кој за Ројтерс изјавил: „Овие луѓе дојдоа кај Горбачов да му кажат: Ви благодариме, господине Горбачов. Вие ни дадовте шанса, но ние ја потрошивме“.

Според Ројтерс, човекот кој денеска реши да не дојде таму е Владимир Путин, за што Кремљ има официјално објаснување. Имено, според написите, во распоредот на Путин немало место.

Можете да прочитате

Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување

Израел уништи уште една станбена кула во градот Газа