Утрински Весник
Македонија

Бочварски – Момировиќ: Меѓусебната соработката е досега на највисоко ниво

Бочварски – Момировиќ: Меѓусебната соработката е досега на највисоко ниво

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска во рамките на Отворен Балкан форумот во Белград оствари билатерална средба со министерот за транспорт и градежништво на Република Србија, Томислав Момировиќ. Комуникацијата и соработката е досега на највисоко ниво, односите ги продлабочуваме со цел поефикасно регионално поврзување и забрзување на напредокот на двете земји, истакнаа тие на денешната средба.

dobivaj vesti na viber

Фокус на разговорите беа заедничките инфраструктурни проекти, особено во делот на олеснување на процедурите во железничкото поврзување и патниот товарен сообраќај кои дополнително ќе овозможат раст и економски развој на двете земји. Министрите Бочварски и Момировиќ на средбата разговараа и за дополнително олеснување на процедурите за наплата на електронска патарина, со една заедничка крајна цел, користење на еден систем за наплата помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија.

Оваа иницијатива што произлезе од Форумот Отворен Балкан се очекува донесе позитивни бенефити во однос на побрзиот проток на патници и намалување на времето на патување, а воедно и внатрешно поинтегриран Балкан.

Можете да прочитате

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Филипче: Скандалот со АНБ им пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ, декласифицирајте да се види вистината 

Филипче: Албанија и Србија со повисоки плати, нашите граѓани тонат во сиромаштија