Утрински Весник
Економија

Дизелот поевтинува за два денари

Дизелот поевтинува за два денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84% во однос на одлуката од 1.09.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,215 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 3.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,740 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,754%, кај дизелот за 2,619%, кај екстра лесното масло за 2,034% и кај мазутот намалување за 2,505%.

 

Можете да прочитате

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра