Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Руските банки загубија речиси 25 милијарди долари во првите шест месеци од годинава

Руските банки загубија речиси 25 милијарди долари во првите шест месеци од годинава
Img 7972

Руските банки загубија вкупно 1,5 трилиони рубљи (24,95 милијарди долари) во првите шест месеци од 2022 година, изјави денеска висок функционер на руската централна банка во интервју за деловниот весник РБЦ.

dobivaj vesti na viber

Ова е првпат ова регулаторно тело да го објави билансот на банкарскиот сектор откако Русија ја започна својата инвазија врз Украина во февруари.

Околу две третини од загубите на банките се однесуваат на девизното работење, изјави Дмитриј Тулин, првиот заменик-гувернер на руската централна банка.

Тулин рече дека има повеќе од 50% шанси загубите за целата година да не ја надминат бројката од 1,5 трилиони рубљи од првата половина на годината, пренесува Ројтерс.

Загубите беа концентрирани кај најголемите банки.

Банките со загуба забележаа вкупна загуба од 1,9 трилиони рубљи (31,6 милијарди долари), во споредба со профитабилните кредитори кои заработија вкупно 400 милијарди рубљи (6,65 милијарди долари).

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди