Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто
Img 7972

„СДСМ во изминатите пет години покажа вистинска грижа за вработените во образованието, како и за унапредување на условите за изведување на наставниот процес.

dobivaj vesti na viber

Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти.

Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.

СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 проценти, додека во периодот од 2011 до 2016 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието пораснаа за само 4 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и уценуваше наставниците и професорите, го потценуваше нивниот труд и им го газеше достоинството.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци закани и уцени кон наставниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ